Почетна / Забава / Струмица почнува да го живее ритамот на карневалот

Струмица почнува да го живее ритамот на карневалот

Од вечер градот под Царевите кули почнува да живее во ритамот на карневалот. Со карневалската забава и дружење на гостите од странство со преставници на карневалските групи од Струмица, која почнува во 18 часот и одржувањето на традиционалниот маскенбал во Хотелот „Сириус“ со почеток во 21 часот, на кој се избираат принц и принцеза на Струмичкиот карневал, официјално се означува почетокот на струмичката карневалска треска.

Токму маскенбалот е првиот барометар за понудата на маски и нивниот квалитет за главниот настан-Интернационалната карневалска вечер, која се одржува утре. На неа ќе продефилираат околу две илјади учесници распоредени во 47 групи од земјава и странство.

Почетокот на кулминацијата на струмичките карневалски празнувања е закажан во 18.30 часот кога низ улиците на Струмица ќе потече река од маски. Жири комисијата ќе ги оценува нивните креации, а за најдобрите во повеќе категории се предвидени парични награди.

За Стефан Колевски

Можеби Ќе ви се допадне

За 10 евра добиваш цел пакет: Алиса заработува многу пари само од својот сексапил

Алиса Гудвин е поранешна сопруга на поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џермејн Пенант, а оваа англиска …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *