Почетна / Настани на денот / Свет / СЗО веќе не знае каде вози: Карантинот е лоша мерка која им штети на сите!?

СЗО веќе не знае каде вози: Карантинот е лоша мерка која им штети на сите!?

Еден од шесте специјални пратеници на Светската здравствена организација (СЗО) за коронавирус и Ковид-19 ја пофали Шведска за начинот на кој земјата реагираше на пандемијата и рече дека другите земји треба да угледаат на неа кога станува збор за долгорочната борба против вирусот, пишува Блумберг.

Дејвид Набаро рече дека сите земји треба да се стремат да се борат против вирусот врз основа на однесување кое е прифатено насекаде. Набаро рече дека довербата е клучна за креирање на одржлива стратегија за борба против коронавирусот и дека Шведска на тој план отишла најдалеку.

Оваа земја воведе многу помалку ограничувања од другите земји и во својата борба се потпираше на вербата дека граѓаните да постапуваат одговорно и ќе ги следат упатствата на надлежните здравствени тела. – Шведската влада имаше доверба во своите граѓани, и тие имаа доверба во државата, додаде Набаро.

Набаро го опиша карантинот како „тап инструмент“ чиј удар им штети на сите, особено на сиромашните и малите претприемачи.

Коментирајќи ги изјавите на Набаро, директорот на Националната здравствена агенција на Шведска, Јохан Карлсон, рече дека Шведска е една од ретките земји што успеа да го ограничи ширењето на инфекцијата. “Таа брзо се враќа во многу европски земји. Го споредувам тоа со отворање шише шампањ”, рече Карлсон.

Во понеделникот, шведските медиуми објавија дека Јохан Гизецке, поранешен главен државен епидемиолог, голем противник на карантинот и ментор на сегашниот шведски главен епидемиолог Андерс Тегнел, е назначен за потпретседател на советничкиот одбор на СЗО за опасни инфекции. Тој одбор, меѓу другото ја креира и стратегија на СЗО за борба против коронавирусот.

За Стефан Колевски

Можеби Ќе ви се допадне

Виролог од Германија со решение против идни можни пандемии

Раното откривање на потенцијално опасен вирус би можело да спречи појава на слични пандемии во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *