Почетна / Забава / Занимливости / Произведен првиот електричен автомобил во Македонија!

Произведен првиот електричен автомобил во Македонија!

Со користење на возила на електричен погон јавниот превоз би имал нула негативно влијание врз животната средина

Секоја есен се актуелизира прашањето со аеро загадувањето. Проблем со кој се соочуваат голем број на граѓани низ нашата земја. Тетовчани и скопјани се посебно погодени. Загадување кое е причинето поради издувните гасови од фабричките оџаци, од употребата на несоодветни материјали при загревање на домовите, од старите нееколошки автомобили, што севкупно влијае да имаме несоодветни услови за живеење, што негативно се одразува врз квалитетот на животот.

Токму на ова поле македонската компанија BB Classic Cars има алтернативно решение кое делумно може да помогне во намалувањето на овој проблем. Оваа компанија е единствена во регионот која е сертифицирана за трансформација на конвенционални мотори во електрични мотори. Електричен мотор кој не загадува и овозможува заштеда на енергија, и кој само со едно полнење на батеријата може да помине 100 км, по цена од само половина евро.

Скопје е еден од најзагадените градови во Европа, а широката примена на овој електричен мотор Милорад Китановски, менаџер на BB Classic Cars ја гледа како решение за намалување на загаденоста. Со употреба на вакви возила во јавниот превоз, како такси возила, комунални возила и сл. како јавен транспорт, би имале нула негативно влијание врз животната средина од сите овие возила.

Загадувањето на Скопје, како и на другите градови е комплексен проблем. Статистиката е немилосрдна и според последните мерења на загадувањето во нашиот град, скоро 30% од вкупното загадување доаѓа од издувните системи на автомобили. Ова е навистина висок процент што укажува на тоа дека сите треба повеќе да се ориентираме кон употреба на електрични автомобили, електрични автобуси, електрични камиони за испорака, кои имаат нула емисии на CO2 и ПМ10 честички.

За Стефан Колевски

Можеби Ќе ви се допадне

Познат штипски хирург почина од Ковид-19

Ковид-19 зеде уште една жртва од медицинската фела во земјава. Како што објави Асоцијацијата на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *