Почетна / Настани на денот / Свет / Македонска клетва: Борисов во самоизолација

Македонска клетва: Борисов во самоизолација

Бугарскиот премиер Бојко Борисов од денeска е во самоизолација, откако бил во контакт со заразен со коронавирус.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов беше тестиран денеска пред средбата во Софија со Кејт Крач, член на американскиот Стејт департмент за економски развој, енергија и развој, објави Ројтерс.

Тој ќе остане дома по контактот со заменик министерот за градежништво, Николај Нанков, кој беше позитивен на коронавирус. Борисов, откако беше информиран дека Нанков е заразен со коронавирус, ќе остане дома се’ додека здравствените работници не проценат дека може да го напушти карантинот.

„Ги чекам упатствата на здравствените работници и дотогаш ќе бидам во изолација. Последниот контакт со Нанков го имав во понеделникот“, напиша Борисов на Фејсбук.

За Стефан Колевски

Можеби Ќе ви се допадне

Виролог од Германија со решение против идни можни пандемии

Раното откривање на потенцијално опасен вирус би можело да спречи појава на слични пандемии во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *