Почетна / Интервјуа / Колумни / Костовски: Премиерот ги најави кривичните, вистината за стечајот е политичко бизнис криминал

Костовски: Премиерот ги најави кривичните, вистината за стечајот е политичко бизнис криминал

Бизнисменот, Трифун Костовски кој беше и мнозинскиот акционер во „Еуростандард банка“ на којашто пред неколку месеци и беше одземена дозволата за работа во изјава за „Фокус“ вели дека денеска слушнал за кривичната пријава што ја поднесе Народна банка, иако ниту тој нема информација против кого точно е поднесена. Сепак, вели дека очекувал да биде поднесена бидејќи премиерот Зоран Заев сам најавил кривични пријави на средбата со оштететените доверители.

-И јас денеска дознав за предложените кривични пријави од Народната банка. Јас ги очекував и навистина ми е мило што сета оваа голгота ќе добие каков – таков епилог. Значи, човекот со чисти раце инсистираше на кривични, премиерот како портпарол ги најави на средбата со оштетените од стечајот на Еуростандард банка, одржан пред два дена и секако дал налог да се објават во јавноста! Убеден сум дека мојата колумна од пред два дена длабоко ги вонемири. Откриени се црните намери! Вистината за стечајот е само една! Политичко бизнис криминал!, вели Костовски во изјава за „Фокус“.

За Стефан Колевски

Можеби Ќе ви се допадне

Познат штипски хирург почина од Ковид-19

Ковид-19 зеде уште една жртва од медицинската фела во земјава. Како што објави Асоцијацијата на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *