Почетна / Face of the Week / Интервју со Христијан Рангелов – Face of the Week

Интервју со Христијан Рангелов – Face of the Week

Пред самиот почеток, како би се претставил Христијан Рангелов пред нашата читателска публика, кој е Христијан – кратко CV?

Имам 22 години, студирам маркетинг на економскиот факултет и соработувам со модната агенција Моделс Ин. Опседнат со фитнесот а и обожавам да прочитам некоја добра книга.

Во период кога социјалните мрежи се особено популарни низ светот, колку си активен ти и која апликација најмногу ја користиш?

Обично поминувам по 1 или 2 часа дневно на социјалните мрежи а како најкористена би го издвоил инстаграмот.

Што најмногу објавуваш на Инста и Фејсбук, кој е твојот мотив кој сакаш да го упатиш кон твоите фанови и следбеници?

На мојот инстаграм најчесто може да се најдат слики од мојата работа како модел, и нешто од фитнесот. А како мотив би сакал да инспирирам многу млади да започнат да ги следат своите соништа.

Во периодот си активен студент на економски, страстно тренираш фитнес и соработуваш со модна агенција, но која е твојата желба за главно занимање во периодот кој следува?

Во периодот кој следува иако е тешко поради ситуација со вирусот се гледам на интернационала сцена како модел, и секако да го завршам факултетот.

Како почнува еден твој обичен ден, а како завршува?

Денот не ми започнува без утринско кафе, а веднаш потоа одам да тренирам, потоа следува учење, работење и дружење со пријателите зависи од ситуацијата, а денот го завршувам со добра книга или филм.

Каква музика те инспитира и мотивира, што обожаваш да слушаш?

Од музика слушам буквално се, но претежно уживам со техно музиката.

Најдобар пејач/ка во Македонија и светот?

За нашата сцена не можам да издвојам една, сите ми се подеднакво добри а за светската сцена во последнов период воодушевен сум од Мiley Cyrus.

Најубава девојка од јавната сцена во Македонија со која би сакал запознавање и дружење?

Пак ќе кажам, не можам да издвојам една, сите ми се подеднакво убави и би сакал да се запознаам со сите.

Дали имаш омилен лик од светот на модата?

Како омилен лик од модната сцена би го издвоил Lucky BlueSmith како еден од најпознатите машки модели.

Твоја најомилена фотографија?

Дали си сингл, амбициозно момче како тебе има ли време за љубов?

Сингл сум, за љубов секогаш се наоѓа време.

Каде обожаваш да патуваш низ Македонија, а каде сакаш допрва да патуваш низ Европа и светот?

Омилена дестинација во Македонија ми е Берово, а во светот и Европа би сакал да го посетам Милано.

Според тебе, дали Македонија нуди светла иднина за млади модели кои допрва ќе ја градат својата кариера во сопствената земја?

Сметам дека со добра агенција како Моделс Ин, Македонија нуди светла иднина за младите кои се заинтересирани за оваа професија.

Кој режим на исхрана го применуваш за супер спортско градено тело, од што се состои твоето дневно мени?

Избегнувам газирани пијалпци, шеќери и тоа е се. Протеинската исхрана ми е број 1.

Каде се гледаш за 5 години, што правиш сега за да бидеш во блиска иднина?

За 5 години се гледам на светската сцена како модел и инспирирам многу млади да тргнат по овој пат.

Кој е твојот идол, ваша ѕвезда водилка?

Како мој идол би го издвоил Colton Haynes.

За Стефан Колевски

Можеби Ќе ви се допадне

Интервју со Викторија Варадинова – Face of the Week

Пред самиот почеток, како би се опишала Викторија Варадинова пред нашата читателска публика, која е …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *