Почетна / Патуваме / Македонија / Еуростандард Банка е продадена за 100 милиони евра на Хрватски бизнисмен два дена пред одземање на дозволата од Народна Банка

Еуростандард Банка е продадена за 100 милиони евра на Хрватски бизнисмен два дена пред одземање на дозволата од Народна Банка

Зоран Божиновски – Буревесник открива:

“Каква и да биде старо-новата Влада, чие изгласување го очекуваме до заминувањето на Али Ахмеи на сведочење во Хаг, преку Приштина, секако дека ќе стартува со финансиски скандал кој произлегува од стечајот на Еуростандард банката, случен на 12 август.

Скандал по себе е и отворената стечајна постапка чие прво рочиште е закажано дури за 8 октомври (ден роденден на Зоран Заев, каква коинциденција). Скандал е именувањето на судијката Ирена Петрушевска, вмешана во недоброени криминални стечајни постапки, на најцрн можен начин. Одговорно тврдам дека таа нема да го раководи стечајот туку тоа ќе го прави нејзиниот сопруг Моме Петрушевски викан Сељак, кримос, еден од рекордерите во Македонија по регистрирани и згаснати фирми во Македонија, вкупно над 120 комада. Основа за регистрација на тие фирми е измама, а основа за згаснување е успешно завршена измама. Кумановци се и одлично ги знам. За нив повеќе кога ќе тргне процесијата…

Но, тема на оваа објава е Договорот за купопродажба на Еуростандард банката кој е НЕ СЕ СЛУЧИЛ затоа што е склучен на 14 август о.г. а НБРМ ја одзеде дозволата на банката два дена порано, на 12 август. Договорот е потпишан помеѓу Трифун Костовски и бизнисменот Иван Жилиќ, Хрват со босанско потекло, милјардер збогатен како иноватор. Преговарано е пред стечајот и е договорена купопродажба, ама стечајот на 12 август ја запре реализацијата. Според она што го добив денес попладне, Жилиќ и Костовски постигнале цена од 100 милиони евра за банката. Купувачот бил известен дека Гувернерката и НБРМ лично ги известил дека има купувач, дека тоа го сторил на 10 август, дека договорот е склучен и дека нема потреба од одземање дозвола и поведување стечајна постапка.

Ова ми го тврди Иван Жилиќ попладнево и изјавува дека очекува НБРМ и стечајниот суд да не отвараат стечајна постапка, туку да му овозможат купување на банката и инвестиција во неа. Дали ова ќе се случи или Гувернерката, НБРМ и стечајниот суд си имаат други планови и математики, останува да покаже времето пред нас. Ама секако дека оој договор фрла сосема ново светло на стечајот и случувањата пред тоа…”

За Стефан Колевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *