Почетна / Забава / Ерупција во најава: Роберт Димитров го најави отворањето на култното „Angels Cafe“

Ерупција во најава: Роберт Димитров го најави отворањето на култното „Angels Cafe“

Во последното интервју на Роберт Димитров дадено за www.trendseteri.com, на големо задоволство, тој своите фанови ги израдува со најава дека култното „Angels Cafe“, завршува со целосната реконструкција.

Во продолжение, во целост ви го пренесуваме неговиот одговор …

Се надевам до крајот на април ќе бидеме спремни за отворање. Ова реновирање се задоцни многу, но верувале или не се беше извадено до последна плочка и ѕид. Дури го извадивме и „Мостот“ кој беше симбол за ново урбано живеење во Штип кој тежеше 11 тона. Не сакавме ништо да е исто како стариот локал, иако од него сите имаме преубави спомени.

Сега ќе биде сосема во друг стил, со тотално нов распоред внатре и надвор. Се надевам дека сите ќе бидат воодушевени со енергијата и душата која ќе ја има овој „Angels Cafe“. Таа енергија и љубов која јас и мојот тим ја даваме за секоја работа, на крај ни се враќа само со убавини.

За отворањето веќе ми се најавени најмалку 5 DJ-и од странство кои ќе дојдат од респект да пуштаат музика. До отворањето ќе договориме уште некој DJ.

Веќе и името на забавата го имаме и ќе го откријам за вас: OPENING FIESTA…

Крајот на Април повторно сите патишта ќе водат во Штип. Ќе биде како и сите досегашни настани во Анѓелс кафе- тематска забава осмислена до последен детал, незаборавно, прекрасно… Тоа го должиме на сите наши посетители кои со години чекаат отварање на Анѓелс кафе.

Еве, уште сега ве поканувам на убава дружба и на една незаборавна вечер!

За Стефан Колевски

Можеби Ќе ви се допадне

За 10 евра добиваш цел пакет: Алиса заработува многу пари само од својот сексапил

Алиса Гудвин е поранешна сопруга на поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џермејн Пенант, а оваа англиска …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *