Почетна / Интервјуа / Колумни / Д-р Пановски: Враќање на полицискиот час навечер и државен карантин за сите кои одат на забави и прослави

Д-р Пановски: Враќање на полицискиот час навечер и државен карантин за сите кои одат на забави и прослави

Полициски час ноќе и државен карантин на сопствен трошок за сите кои масовно ќе се собираат и журкаат. Вакви мерки предлага професорот Никола Пановски за да се намали ширењето на коронавирусот во Македонија.

-Полициски час кој би бил ноќе и нема да влијае на економијата или многу малку ќе влијае. Сепак рестораните би можеле надвор да работат до 22-23 часот за да се спречи шетањето на младите навечер. Видовме што се случува по сите градови и допрва што ќе се случува во август. Очигледно дека државата не може да ги контролира сите места. Дури и газдите се спремни да платат илјадници евра и друг начин не гледам. Ова со пазарни инспекитори итн… Јас предложив да се забранат таквите собирања, ако се случат полицијата да ги однесе во државен карантин на нивни трошок. Тоа е ригорозна мерка, изјави за Сител проф.д-р Никола Пановски, професор по микробиологија.

Според професорот Пановски високите трицифрени бројки на заразени овој период се резултат на предизборната кампања, а наредните 3 до 4 дена ќе го чекаме и кластерот изборно славење.

За Стефан Колевски

Можеби Ќе ви се допадне

Познат штипски хирург почина од Ковид-19

Ковид-19 зеде уште една жртва од медицинската фела во земјава. Како што објави Асоцијацијата на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *